ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.06.2022
Романот “The Handmaid’s tale” на Маргарет Атвуд објавен во огноотпорно издание
Автор: Goce Author

Сите кои ја сакаат истоимената серија „Приказна за слугинката“ направена според романот на Маргарет Атвуд, веројатно ќе ги интересира оваа вест! Овој роман често предизвикува контороверзии и е забрануван откако беше објавен во 1985 година.

Credit: Sotheby’s

За да ја подигне свеста за растечката цензура и лавината барања за забрана на некои книги во американските училишта, издавачот „Пенгвин рандом хаус“ (Penguin Random House) издаде огноотпорен примерок од дистопискиот роман за теократијата која ги принудувала плодните жени да им раѓаат деца на привилегираните. Самата Маргарет Атвуд ја тестирала отпорноста на книгата со пламенофрлач.

Credit: Sotheby’s

„Никогаш не ни сонував дека ќе се обидам да запалам една од моите книги – и да не успеам во тоа“, напиша таа на Твитер.

Незапаливата верзија ќе биде понудена на аукција денеска во њујоршката аукциска куќа „Сотби“, по почетна цена од 100.000 долари. Приходот од продажбата оди за американски ПЕН-центар, кој се залага за слобода на изразување во литературата.

Замислете во земјата која се декларира како „колевка на демократијата“ од 1 јули лани до 31 март годинава во училиштата се забранети дури 1.586 книги. Со 713 забрани, Тексас е водечка сојузна држава во таа смисла. Натаму, 456 книги се забранети во Пенсилванија и 204 на Флорида.

„Приказната за слугинката“ е еден од насловите што се на мета на цензурата поради содржината поврзана со секс. На прв поглед, незапаливата копија изгледа како и секоја друга, но е изработена од никелова жица, нерѓосувачки челик, алуминиум и огноотпорно мастило.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија