
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо нема да биде во составот за саботниот натпревар од Премиер лигата против Челзи.
Тимот од „Олд Трафорд“ излезе со официјално соопштение во кое ја соопшти одлуката.

Фото: Instagram Cristiano Ronaldo
„Кристијано нема да биде дел од тимот за натпреварот против Челзи. Остатокот од тимот е фокусиран на подготовките за натпреварот“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, Роналдо беше на клупата во победата на неговиот тим против Тотенхем од 2:0. На неколку минути пред крајот на тој натпревар, веројатно револтиран од тоа што нема да влезе во игра, го напушти теренот и замина во соблекувалната. Затоа оваа одлука на клубот би можела да се сфати како директен одговор на искусниот фудбалер.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг избегна директен одговор на прашањето дали дозволил Роналдо да си замине додека неговите соиграчи се уште настапуваат.
“Го видов, но не разговарав со него за тоа. Ќе разговараме. Сега ја славиме победата. Не сакам да зборувам за тоа сега, ќе зборуваме утре. Би сакал да го задржам фокусот на тимот и одличното издание на сите 11 играчи и резервите. Беше тимска игра“, изјави Холанѓанецот.
Жребот немилосрден за Македонија – Италија и Англија доаѓаат во Скопје
Инаку, ова не е првпат Роналдо под водство на Тен Хаг да ја напушти играта пред нејзиниот крај.
Тој го направи истото на полувремето од пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано, откако беше заменет.