ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.05.2022
Русија го одбележува денот на победа над фашизмот – Путин во живо
Автор: Goce Author

Русија денес го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна со воена парада на централниот плоштад во Москва. На почетокот на парадата се обрати рускиот претседател Владимир Путин.

Обраќајќи им се на војниците, Путин истакна дека тие се борат „за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на нашата татковина“.

Путин упати обвинување кон САД и „нивните следбеници“ дека се закануваат, а „опасноста растела секој ден“.

– Земјите од НАТО не сакаа да не слушнат, имаа други планови. Тие подготвуваа напад на Крим, изјави рускиот лидер. Русија пружи превентивен отпор на агресијата – тоа беше единствената правилна одлука, рече Путин.

– Никој нема да ги заборави лекциите од Втората светска војна, така што нема да има место за нацисти во светот – рече тој.

Парадата започна со претставување на руското знаме и знамето на победата со звуците на песната „Света војна“.

Во жово може да се следи на видеото подолу:

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија