
Русија вчера извршила вежба на „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи искандер со нуклеарна способност, соопштува руското министерство за одбрана.

Руски тенкови поставени на пат во Белорусија – Фото: Flickr
Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулираниот непријател.
„По извршувањето на „електронските лансирања“, војската изврши маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додаде министерството за одбрана.
„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“. Воедно се додава дека во вежбите учествувале повеќе од 100 војници.