ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.01.2022
САД размислува да испрати 5000 војници во Романија, Полска, Бугарија или Унгарија
Автор: Goce Editor

Администрацијата на претседателот Бајден е на мислење да испрати голема бројка на војници во Источна Европа. Висок претставник на администрацијата на Бајден потврдил дека се размислува за вакво нешто. Целта е да се зголеми военото присуство во пресрет на најавата од инвазија на Русија врз Украина.

Американските трупи можат да се упатат кон Романија или Полска. Не е исклучена можноста голем број на војници да се распоредат евентуално и во Бугарија или Унгарија. Конечна одлука не е донесено, но војниците добиле наредба да бидат подготвени за вакво нешто.

Војниците би дошле од веќе утврдени позиции на САД во Европа. Некои трупи можат да дојдат и од 82-та воздухопловна дивизија.

Њујорк Тајмс, кој прв ја објави оваа информација, напиша дека високи претставници на Пентагон викендот го брифирале Бајден и дале ваква сугестија. Сугестијата е испраќање помеѓу 1000 и 5000 војници, со можност тој број десет пати да се зголеми доколку ситуацијата се влоши.

Нова рунда на преговори: Лавров и Блинкен бараат решение за украинската криза

Нема планови за праќање на војници во самата Украина. Администрацијата на Бајден се воздржуваше од агресивни акции, со цел да не провоцира руска инвазија. Досега помошта на Украина се однесуваше во воена опрема.

Во Украина веќе има 150 американски воени советници, но далеку се од било која линија на фронтот. Се пишува дека овие советници се подготвени на напуштање на државата доколку дојде до инвазија од Русија.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија