
Саем за студии во САД ќе се одржи онлајн во среда, 15 јуни 2022 година. Тоа е одлична можност заинтересираните млади за студирање во САД да ги добијат потребните информации за студирање на 30 американскии факултети и 9 држави од регионот.

Фото: http://www.educationusaseetour.com/
Првиот чекор до запишување на факултет во САД започнува со информации за процесот на уписи, било да е се работи за додипломски, мастер или докторски студии. За таа цел, секоја година го организираме Саемот EducationUSA за студии во САД кој оваа година брои 30 американски факултети и 9 држави од регионот и ќе се одржи утре, 15 јуни, 2022 година. Регистрацијата е бесплатна на следниот линк: https://bit.ly/3HlaDaO.
Повеќе информации за Саем за студии во САД и учесниците, можете да најдете на: http://www.educationusaseetour.com/
(Видео) Кои можности ги нуди Амбасадата на САД за студирање на студентите од Македонија?
За време на Саемот SEE, можете:
Да ги посетете повеќе од 30 американски колеџи и универзитети за да дознаете повеќе за нивните програми
Присуствувате на инфо сесиите пред саемот, на 15 јуни од 16:30 до 19:00 часот по средноевропско време, за апликации за колеџ, избор на факултет, како да креирате избалансирана листа на факултет, писма со препораки, есеј за колеџ и можности за финансирање и стипендии …
Разговарате со советникот на EducationUSA во вашата земја