
Во четири од 193 земји, кои се полноправни членки на Обединетите нации, не се пријавени случаи на коронавирус.

Photo by Davi Mendes on Unsplash
Двe се во Азија и две во Океанија.
Од почетокот на глобалната пандемија на коронавирус, ниту еден случај на Ковид 19 не е забележан само во четири земји во светот.
Според Светската здравствена организација, заразени има на сите континенти, со исклучок на Антарктикот.
Најголемата земја во која нема официјално потврдени случаи на коронавирус е Северна Кореја. Интересно е дека ваквите информации, иако неретко и потврдени дури и од Светската здравствена организација, наидуваат на недоверба во јавноста. Ова оттаму што Северна Кореја граничи со Кина, каде и најпрво се појави вирусот, Секако, многумина „имунитетот“ на Северна Кореја на вирусот на Ковид 19 ги припишуваат и на затвореноста на Северна Кореја во секој поглед, на контролата на информациите, на самиот систем кој неретко се квалификува како диктаторски.

Photo by Thomas Evans on Unsplash
Друга азиска земја која не го потврди присуството на коронавирус е Туркменистан, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 6,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,2 милиони случаи. За Туркменистан, слично како и за Северна Кореја, карактеристика е затвореноста. Самата држава долго време успешно избегнува посети од СЗО, со еден стар трик, со кој изјавуваат дека секој може да дојде во посета и контрола во државата (ова се случува и за набљудување на изборите), доколку добие покана. А погодувате, поканата ја упатува самата држава Туркменистан, и нормално, до СЗО уште не е упатена покана.
Во еден период додека во 2020 година во светот веќе беснееше короната, во Туркменистан се зголемил бројот на смртни случаи од пневмонија, но никој тоа не се осмелил да го доведе во врска со Ковид 19.
Другите две земји каде коронавирусот не е потврден се во Океанија, а најмалата од четирите земји без коронавирус е Науру, која има само 12.000 жители.
Четвртa на листата е Тувалу.