ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.06.2022
Сантијаго Бернабеу станува фантастичен „Трансформер“ стадион
Автор: Goce Author

Сантијаго Бернабеу, еден од најпознатите стадиони во светот, беше отворен пред точно 74 години. Домот на Реал, пак, претрпе две големи реновирања – во 1982 и 2001 година. Моментално го минува третото, а ќе биде најспектакуларната досега.

Сантијаго Бернабеу Фото: Real Madrid FC

Кралскиот клуб ќе има дом кој според изгледот, но и можностите, се граничи со научна фантастика.

Реал Мадрид објави видео кое покажува зошто некои новиот Сантијаго Бернабеу го нарекуваат стадион „Трансформер“. Покрај подвижниот покрив ќе има и подвижни тревни подлоги кои ќе се прилагодуваат на потребите. Имено, на новиот Бернабеу нема да се игра само фудбал.

Веќе се планира домот на Реал да се претвори во голем тениски стадион, како и сала за кошарка, со монтажни трибини, а на големиот тревник најверојатно ќе се игра и некој натпревар во американски фудбал. Работите треба да завршат во летото 2023 година.

Реновирањето ќе чини околу 530 милиони евра. Досега требаше да биде готово, но неговиот почеток беше одложен и напредокот беше забавен поради пандемијата на коронавирус. Откако ќе биде завршен, тој треба да биде најмодерниот стадион во Европа, истакнува Флорентино Перез, претседателот на клубот.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија