
Во предантибиотската ера во раните 1900 – ти, луѓето немале лекови против вообичаените бактериски инфекции и како резултат на тоа човековото страдање било огромно со многу жртви. Како што ни изгледаат денес работите, наместо да имаме напредна и успешна медицина, ние се враќаме назад каде сме на работ на предантибиотската ера.
Пред некој ден беше одржан Светскиот ден за рационална употреба на антибиотиците. Почетоците на одбележувањето на овој ден се во 2008 година, најпрво како платформа која ќе обезбеди поддршка за кампањите на национално ниво низ цела Европа. Со текот на годините бројот на земји подржувачи на оваа кампања се повеќе растеше, а секоја земја спроведуваше најмалку една активност насочена кон пошироката јавност и/или кон одговорните за препишување на лекови во примарната здравствена заштита и во болниците.
Во одбележувањето на овој ден за рационална употреба на антибиотиците, оваа година, учествуваа и студенти од Македонија. Преку On-line едукативна работилница на тема ,,ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИТЕ” студентите од организацијата СОМА дадоа свој придонес во подигнувањето на свесноста за нивна рационална употреба.
Бошко Давидовски студент на Општа медицина – петта година ја презентираше темата ,,Антибиотска резистенција кај бактериите’’, Владимир Панев студент на Општа медицина – шеста година имаше тема ,,Рационално користење на антибиотиците’’, Стивен Момчилов студент Општа медицина – втора година ја презентираше темата ,,Јавно здравствени мерки во спречување на инфекциите’’.
Изминативе две години актуелната состојба и присуството на вирусот SARS-CoV-2 уште повеќе го актуелизираше проблемот со нерационалната употреба на антибиотиците и суптилно се наметнаа прашањата – Зошто треба да бидеме загрижени за употребата на антибиотици при Ковид – 19 ? и Што ни се случува кога земаме антибиотик кој не ни е препорачан од лекар или кој не е употребен правилно?
Доктор Ханан Балки, заменик директор во антимикробната лабораторија на Светската здравствена организација, ги разложува овие прашања и дава одговори за кои сигурно некогаш сте се запрашале, или сте дебатирале за нив во друштво.
,,Антибиотиците се лекови кои се корисни за третирање на бактериски инфекции, а не вирусни инфекции.
Ковид- 19 (SARS – CoV- 2) е вирусна инфекција која предизвикува лесно заболување кое дава лесни симптоми каде пациентите може да се лекуваат дома или да доведе до умерена или тешка болест кога пациентот мора да биде лекуван во болнички услови. Големиот број на заразени од Ковид- 19 многу често користат антибиотици кои не се потребни ниту пак правилно ги дозираат. Антибиотиците знаеме, лекуваат бактерии, а не вируси. SARS CoV – 2 или Ковид- – 19 е болест предизвикана од вирус. Затоа не е препорачливо Ковид -19 да се третира со антибиотик.
Кога пациент е примен на болничко лекување и почнува со комплицирање на болеста, тоа настанува бидејќи има настанато супер инфекција со бактерија. Светската здравствена организација има доставено агенда за тоа кога антибиотиците може да се вклучат во лекувањето.
Луѓето имаат некоја потреба да земат антибиотик бидејќи слушнале од пријателите дека би бил од корист ако го користат. Но, антибиотиците треба да бидат земани само со препорака од здравствено лице односно лекар кој ја знае точната дијагноза и правилниот антибиотик за лекување на истата, со негово правилно дозирање.
Веќе сме во ерата на пост антибиотиците каде тие веќе немаат ефикасност кај некои заболувања, така да со нивно неправилно и често користење, правиме да бидеме резистентни – отпорни на антибиотици. Понатаму кога навистина ќе треба да се вклучат во терапија нема да имаат ефикасност. ‘’
Видеото може да го погледнете тука: https://www.youtube.com/watch?v=R3Q5ETOm33M