ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2022
Шкотска без тутун до 2034 година
Автор: Goce Author

Шкотска ги заострува законите против пушењето. Секој што ќе запали цигара на 15 метри од зградата на болница може да биде казнет со 1.000 фунти.

Пушењето во кругот на болниците сега е забрането според новиот шкотски закон.

Секој што ќе запали цигара на 15 м. од објект на болница може да биде казнет со 1.000 фунти.

Досега регулативата, а од средината на септември законот ќе важи за сите болници од Националниот здравствен систем (НЗС) каде се лекуваат и згрижуваат пациенти.

Новото правило следи по усвојувањето на законодавството со кое се забранува пушењето во болниците од 2015 година. Ова го претставува следниот чекор во владиниот план „Шкотска без тутун до 2034 година“.

Радикален канадски предлог: Предупредување за опасностите од пушењето на секоја цигара

Паричен подарок за студенти кои се откажале од пушење

За овој прекршок се предвидени казни од 50 до 1.000 фунти, доколку случајот заврши на суд.

Шила Дафи од Ash Scotland, организација која се бори за целосна забрана на пушењето, се надева дека мерката ќе го спречи чадот од тутун да влезе во болниците преку прозорци, врати и вентилација.

„Пушењето влијае на крвната слика, на белите дробови и го попречува закрепнувањето на луѓето, поради што тие се таму“, изјави таа за утринската програма на Би-Би-Си на Шкотска.

Пациентите во Шкотска мора да бидат заштитени од никотинот

Дафи вели дека оваа мерка е неопходна поради новороденчињата и болните луѓе. Ним им е потребен „чист воздух за време на нивниот престој за да закрепнат што е можно побрзо“.

„Никотинот е отровна супстанца и не е пожелен во болничката средина“.

Таа се надева дека казните ќе ги принудат луѓето да ги променат своите навики.

„Казната е неуспех затоа што е последното средство за превенција“, рече Дафи.

„Неопходно е луѓето да го разберат и да го почитуваат ова бидејќи забраната за пушење во затворени простории е неопходна.

Администрациите на болниците, кои веќе се одговорни за спроведување на законот за забрана на пушење во затворени простории, ќе ги контролираат и новите правила.

Штетни ли се новите цигари кои не согоруваат од топлина?

Доколку не се почитува новото правило, одговорното лице за заштита на животната средина може да бара изрекување парична казна.

„Сите знаат дека пушењето е лошо за здравјето, а особено болните пациенти треба да бидат заштитени од штетното влијание на пасивното пушење“, изјави Мери Тод, министерка за здравство на Шкотска.

„Овој нов закон е следниот чекор во нашиот храбар план да ја направиме Шкотска без тутун до 2034 година“.

Министерот потсети и дека има кол центри на кои, пред се, младите можат да се јават и да ја добијат потребната помош доколку сакаат да се откажат од пушењето.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија