ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.02.2024
Што да подарите за 8-ми Март
Автор: Goce Author

8-ми март се ближи и време е да мислите какви подароци ќе им подарите на сите жени во вашиот живот. Еве неколку идеи кои можат да ви помогнат да изберете одличен поклон:

Букет:

Да почнеме со најкласичниот избор на букети. Тие се навистина многу популарни затоа што се идеален начин да ја покажете вашата љубов, вниманието и почитта кон жените. Задолжително внимавајте на вкусот на жената за која ќе биде наменето.

Карти за концерт:

Вкусот за музика кај секого е различен, но модерната музичка индустрија нуди толку голем избор, па вие сигурно ќе најдете изведувач кој ќе го задоволи вкусот на вашата партнерка. Концертите се, исто така, и идеална можност да поминете повеќе време заедно.

Патување:

Патувањето е навистина посебен подарок за онаа жена која го има посебното место во вашето срце. Организирајте одмор на некое место кое ќе ви понуди интересни и релаксирачки активности. Иако овој подарок може многу да чини, сепак навистина вреди.

Козметика:

Сите ќе се согласите дека жените се најпривлечните суштества на нашата планета, но тие многу често неизмерно се трудат да ја одржат убавината. Затоа би било одличен гест доколку им помогнете. Секоја жена навистина ќе цени добар козметички производ, без оглед дали се работи за крем за тело, сол за капење или специјален шампон. Изборот е ваш!

Чоколадо:

Чоколадото е одличен подарок за оние жени кои многу ви значат. Секоја жена обожува слатки задоволства, а малото чоколадно изненадување ќе ја покаже вашата љубов и восхит.

Парфеми:

Парфемот е прекрасен подарок за сопруга, мајка, сестра или пријателка што добро ја познавате. Доколку се одлучите за ваков подарок, одберете ги мирисните ноти кои најмногу и одговараат.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Антониа Симјоновска, Меланија Панева и Климент Трајков

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија