

Black Friday е олицетворение на огромните попусти кои ги има насекаде низ светот, но не почнал така. Денеска понудите за Black Friday траат речиси цела недела каде што трговците ги намалуваат своите производи во продавниците од 10% до 75%, па купувачите може да го купат она што го посакуваат по многу пониска цена од реалната, но за да го направат тоа треба да станат рано и да чекаат да отвори продавницита, бидејќи она што е на попуст брзо го снемува од полиците.
Историја на Black Friday
Оваа традиција започнала во 1952г. кога почнала се повеќе да се јавува потребата кај луѓето да купуваат подароци за своите блиски за празниците кои престојат.
Терминот „Црн Петок“ не бил термин за купување, туку настанал како последица на финансиската криза кога американскиот пазар на златото се здобил со голем пад и предизвикал хаос за финансиерите на Волстрит во 1869 година.
Терминот не се користел до 1950 година, кога полицијата почнала повторно да го употребува за да го опише хаосот кој настанувал кога купувачите и туристите масовно купувале различни производи.
Во 1980 година трговците успеале да го реформираат терминот во позитивен бидејќи бил негативно прифатен, а тие гледале на тоа дека од овој ден може да се создаде голем профит. Сепак, големото намалување на цените донело и негативни последици кога масовен број на граѓани влегувале во продавниците сакајќи да ги купат производите, па протоа правеле и штета.
До 2016 година Black Friday бил сметан и за фијаско заради огромните гужви и турканици секаде низ светот, но со текот на годините сето тоа постепено се променува бидејќи се повеќе луѓе почнаа да пазаруваат online. Сепак се смета за ден кој потикнува возбуда кај потрошувачите.
Ако сте спремни да им се спротивставите на гужвите во вашите омилени продавници, тогаш придружете се на групата кои пазаруваат online. Наш совет е да ги погледнете сите зделки кои ги нудат продавниците, да споредите и дури да ги исконтактирате. Со среќа. Се надеваме дека ќе успеете да го купите вашиот посакуван производ.