
Тест кој ќе проверува дали сте наспиени пред да седнете зад воланот е во подготовка во Австралија, како одговор на опасноста во сообраќајот од заморот.

Image by diana.grytsku on Freepik
Не сте спиеле доволно и возите автомобил? Кога ќе ги погледнете најчестите „убијци“ на патот, алкохолот е еден од нив, брзото возење е друго, но тука е и заморот.
Истражувањето, финансирано од Канцеларијата за безбедност на патиштата на австралиската влада, беше лансирано бидејќи новите докази сугерираат дека возењето со помалку од пет часа сон е исто толку опасно како и надминувањето на законската граница за возење под дејство на алкохол во многу земји, пишува Гардијан.
„Треба да постои систем за да се провери дали некој спие доволно. Тоа ги става во ризик другите луѓе“, рече професорот Стивен Локли, експерт за спиење од Медицинскиот факултет Харвард.
Професорката Клер Андерсон од Универзитетот Монаш во Мелбурн, Австралија, која ги предводи напорите за развој на тестот базиран на крв, рече:
„Кога ќе ги погледнете главните убијци на патот, алкохолот е еден од нив, брзото возење е друго, а потоа има замор. Но, иако решението за заморот е многу едноставно, а тоа е да спиеме повеќе, нашата способност да бидеме свесни за тоа е намалено затоа што немаме алатки за да следиме колку сме поспани како што правиме со алкохолот во крвта“.
ПОради сево ова, решението се гледа во воведувањето на тест за проверка на „отспиеноста“ на возачите.