ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.06.2022
Squid Game сезона втора – најавено на Twitter?
Автор: Goce Author

Squid game поранои од очекувањата ќе ја објави втората сезона, судејќи по објавената најава на Tвитер.

Ако бевте дел од фановите на оваа серија, тогаш имаме добри вести за вас, односно ќе има втора сезона на Squid Game. На Twitter e објавена најава за втората сезона.

Креаторот на серијата претходно изјавил за Vanity Fair дека новата сезона ќе биде подготвена за објавување дури на крајот на 2023 година или во 2024 година.

Контроверзната „Squid Game“ станува опасна!

  • „Имам само околу три страници со идеи кои планира да ги претвори во сценарио, што значи дека ќе има уште игри.“, изјавил Хванг за Vanity Fair.
  • „Имаше толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов за втората сезона. Така, речиси се чувствувам како да не ни оставате избор! Но, ќе кажам дека тоа навистина ќе биде втора сезона. Тоа е во мојата глава во моментов.“ – рекол Хванг минатата есен.

Squid Game освои три награди Златен глобус, вклучително и за најдобра ТВ драма, а О Јеонг го освои трофејот за споредна машка улога. Серијата, исто така, доби три номинации за наградите за избор на критичари и наградата Готам за револуционерна серија.

Нетфликс инвестирал 21,4 милиони долари во првата сезона. Серијата за рекордно време стана глобален феномен, а во првиот месец од почетокот на емитувањето ја погледнале 142 милиони домаќинства.

 

 

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)