
Squid game поранои од очекувањата ќе ја објави втората сезона, судејќи по објавената најава на Tвитер.
Ако бевте дел од фановите на оваа серија, тогаш имаме добри вести за вас, односно ќе има втора сезона на Squid Game. На Twitter e објавена најава за втората сезона.
Red light… GREENLIGHT!
Squid Game is officially coming back for Season 2! pic.twitter.com/4usO2Zld39
— Netflix (@netflix) June 12, 2022
Креаторот на серијата претходно изјавил за Vanity Fair дека новата сезона ќе биде подготвена за објавување дури на крајот на 2023 година или во 2024 година.

Squid Game освои три награди Златен глобус, вклучително и за најдобра ТВ драма, а О Јеонг го освои трофејот за споредна машка улога. Серијата, исто така, доби три номинации за наградите за избор на критичари и наградата Готам за револуционерна серија.
Нетфликс инвестирал 21,4 милиони долари во првата сезона. Серијата за рекордно време стана глобален феномен, а во првиот месец од почетокот на емитувањето ја погледнале 142 милиони домаќинства.