
Средношколци од средното училиште „Орце Николов“ се првиот македонски тим кој е дел од натпреварот F1inSchools-Word finals . Натпреварот се одржува во Лондон.
Група талентирани млади луѓе интензивно работеле на креирање на најбрз мини болид на Формула 1. Тие ќе го претстават на натпревар во дизајнирање, аеродинамичко тестирање и изработка на најбрз мини болид на Формула 1.

Натпреварот се одржува во Лондон од 9-15 јули каде што ќе се натпреваруваат 55 земји од целиот свет, меѓу кои и нашата, за прв пат. Средношколците: Марио Блажевски како тим лидер, Мирослав Мишоски, заменик лидер и 3Д, дизајнерите Калин Јовановски и Мила Перинска и Никола Мишоски, задолжен за изготвување финансиски извештаи, работеле активно три месеци под надзор и менторство на професор д-р Виктор Илиев, раководител на Лабораторија за механика на флуиди и хидраулични машини на Машинскиот факултет во Скопје.

Погледнете го целиот процес на дизајнирање и посакајте им среќа на овие млади ентузијасти.