ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.06.2022
Стеф Кари МВП, Голден Стејт нов НБА шампион
Автор: Goce Author

Стеф Кари со своите 34 поени и 6 тројки заслужено стана МВП на годинашното финале на НБА лигата, а Голден Стејт со брејк победата во Бостон дојде до својата седма НБА титула, четврта во последните осум години.

За разлика од петтиот натпревар во финалната серија, кога Стеф Кари по 232 натпревари во низа првпат не постигна ниту една тројка, минатата ноќ тој беше носителот на победата од 103:90. Може да се каже и дека ова беше и најмалку неизвесниот натпревар од финалето. Бостон беше добар само во еден дел од првата четвртина, кога во еден момент имаше водство од 14:2. Но, потоа Голден Стејт ја презеде иницијативата и до крајот ја држеше ситуацијата и резултатот под контрола. Првата четвртина заврши со предност од 5 поени за воините, за веќе на почетокот на втората да се зголеми на 15, во еден момент дури и на 21.

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт во неверојатната серија од 21:0

Втората Четвртина ќе остане запаметена по неверојатната серија од 21:0 на Голден Стејт, која практично и го реши натпреварот. На полувремето веќе беше 39.54, предност која Стеф Кари и неговите соиграчи успешно ја одржуваа.

Надеж за Бостон се појави на крајот на третата четврина, кога конечно со многу мака дојдоа и до едноцифрена негатива, но Голден Стејт бргу се врати и на стартот на последниот период пак зголеми на 16 разлика. Обидите на Бостон да намалат и дојдат до можност за пресврт беа неуспешни. Како и во целиот натпревар, во клучни моменти правеа несфатливи грешки. Всушност, статистиката најдобро покажува – дури 22 загубени топки имаа Селтикси, наспроти 15 на гостите.

Стеф Кари беше најефикасен во победничкиот тим со 34 поени и шест постигнати поени, Вигинс постигна 18 поени, Џордан Пул 15,  Томпсон и Грин по 12 поени.

Кај Бостон, најдобар беше Џејлен Браун со 34 поени, Ал Хорфорд имаше дабл-дабл од 19 поени и 14 скокови, но потфрли Џејсон Тејтум со само 13 поени.

Финалната серија заврши со 4:2 за Голден Стејт, иако Бостон имаше водство од 1:0 и 2:1.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија