ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2022
Стивен Спилберг жали за убиените ајкули по оскаровецот „Jaws”
Автор: Goce Author

Режисерот Стивен Спилберг рече дека „искрено жали“ за оскаровецот “Jaws”, за кој верува дека придонел за десеткување на популацијата на ајкули.

Тој изјави за радио Би-Би-Си дека се плаши дека ајкулите сè уште се „бесни“ на него денес поради „безумниот лов од луди рибари по 1975 година“ кога филмот беше објавен.

Имаше многу критики за филмот, првенствено од активисти за правата на животните, кои рекоа дека тој ја искривува сликата за големите бели ајкули и придонесува за масовен лов во Америка.

Американскиот филмски режисер, кој има 75 години, е познат по многу холивудски хитови, меѓу кои и IT Alien, Schindler’s List, Saving Private Ryan и Jurassic Park.

Запрашан како се чувствува сега за филмот во кој големите бели ајкули се претставени како безмилосни предатори кои ги напаѓаат и јадат луѓето, Стивен Спилберг одговори: „Тоа е една од работите што сè уште ме плаши.

Тој објасни дека не е страв дека некој од нив ќе го изеде, туку поради негативното влијание врз популацијата на ајкулите, за што се уште „искрено жали“.

Како креаторот на „Ајкула“ го помина остатокот од животот бранејќи ги овие животни

Преживеа напад на мечка, ајкула и змија

Филмот Вилици од 1975 година е за голема бела ајкула која нападнала американски приморски град, што влијаеше на порастот на спортскиот риболов низ Америка.

Истражувањето го покажа бројот на големи ајкули убиени долж источниот брег на Северна Америка во годините по објавувањето на многу популарниот филм.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)