ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2022
“Stranger Things” надмина милијарда часови гледаност
Автор: Goce Author

„Stranger Things“ се приближи на корејската „Squid game” по гледаност на Нетфликс. За новата сезона досега гледачите потрошиле 1,15 милијарди часа.

Фото: Screenshot IMDb

Првиот дел од четвртата сезона на оваа серија излезе на крајот на мај и ги воодушеви гледачите. Вториот дел пристигна нешто подоцна, на 1 јули и продолжи во истиот дух.

Четвртата сезона на популарната „Stranger Things“ стана втора серија на Нетфликс која некогаш надминала милијарда часа гледаност. Прва на таа листа и натаму е јужнокорејската „Squid game“, за која не престануваше да се зборува минатата година.

Според податоците што ги објави Нетфликс, од објавувањето на новата сезона на „Stranger Things“, гледачите потрошиле 1,15 милијарди часа гледајќи ја серијата. Само минатиот викенд оваа бројка изнесуваше 301 милион. Серијата исто така се рангираше во топ 10 на платформата во 93 различни земји.  Според Нетфликс, претходните сезони исто така забележаа зголемување на популарноста.

Ако ги сакате „Stranger Things“, тогаш мора да ги гледате овие филмови и серии

Иако ова се секако импресивни бројки, системот за мерење на Netflix сè уште е прилично необичен. Имено, како што пренесува „The Verge“, платформата следи колку серии се гледани во првите 28 дена по објавувањето, но тие бројки многу варираат во зависност од тоа колку епизоди има вкупно, колку долго траат и слично.

Епизодите на „Stranger Things“ траат повеќе од еден час, што и дава можност на серијата уште од самиот почеток лесно да го достигне врвот на рангирањето на Нетфликс. Во секој случај, неизбежно е да се работи за серија во која Netflix има вложено енормно во последните години, што на крајот се забележува при гледањето.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)