ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.11.2023
Студентите денес бесплатно мереа шеќер во крв во Штип и Скопје

По повод 14 ноември, светскиот ден за борба против дијабетес, студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип , како и студентите на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје денес бесплатно мереа шеќер во крвта на граѓаните во Штип и Скопје. Иницијативата беше во соработка со студентските организации СОМА Штип, ЕМСА Скопје, Факултетското студентско собрание на ФМН при УГД, како и организацијата НЕЦИ од каде се приклучија членовите, средношколци во Медицинското училиште во Штип.

Акциите беа спроведени во Штип Сити Мол и во Скопје Рамсторе Мол, каде одзивот на граѓани кои беа заинтересирани беше голем. Во Штип, акцијата се спроведе и во текстилната фабрика Дата текс (ВАБО), со цел опфаќање на поголема таргет група за превенција.

Ден на дијабетесот: 1 од 10 возрасни страдаат од оваа болест

„Целта на оваа граѓанска акција беше  да се покрене свеста за дијабетесот, болест која е се почеста помеѓу граѓаните. Навремената превенција преку одржување на здрав начин на живот, физичка активност и здрава исхрана се клучни и треба да се практикуваат. За оние кои веќе имаат дијагностицирано дијабет, препораката е извршување на навремени контроли како и правилно земање на пропишаната терапија за регулација на оваа болест.“, велат студентите.

Големиот интерес од граѓаните е мотив и поттик за студентите да продолжат со ваквите иницијативи и ваквите акции да преминат во традиција.

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?