ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.03.2022
Студентите на УГД бираат членови на студентските собранија

Факултетските студентски собранија при УГД распишаа Конкурс за примање членови, пријавувањето за студентите е отворено до петти март.

Секој студент на одреден Факултет може да се пријави за член на Факултетското студентско собрание при својот Факултет. Пријавувањето трае до 5.3.2022 г., а изборите ќе се одржат на 25.3.2022 г. За тоа  како може да се пријавите и што значи да се биде член на ФСС, повеќе ни кажа Кристијан Живков, студент на Факултетот за Медицински науки од 5 година и член на ФСС на ФМН при УГД.

Пријавувањето е многу едноставно. Потребно е заинтересираните да испратат пријава за член, за која не постои конкретна апликативна форма, но истата треба да биде изготвена во вид на изјава дека студентот се пријавува за член на ФСС со своерачен потпис и истата да ја достави на е-маил адресите кои се објавени во официјалниот конкурс или по пошта, адресирана до декнат на Факултет за медицински науки”, вели Кристијан.

Изборот на  членови  се одвива анонимно. При што , секој студент  ќе добие е-маил со линкот за гласање на 25.3.2022 и ќе може да ги избере членовите кои ќе го претставуваат студентскиот глас.

Факултетското студентско собрание е составено од 10 члена, а според Статутот на ФСС треба да биде конципирано така што ќе опфаќа загарантирано место на членови од секоја студиска програма на Факултет за медицински науки, вклучувајќи Општа медицина, Дентална медицина, Фарамација и членови од Високата здравствена школа. Мандатот на секој од членовите е во времетраење од една година од датумот на донесената одлука со кој се дефинираат членовите, непосредно по завршувањето на изборите”, вели Кристијан.

 Што значи да се биде член на ФСС?

“Да се биде член значи да се стремиме и главен акцент да се стави на подобрување на условите и стандардите на студентите. Истовремено членувањето значи да се даде мотив за останатите студенти и да се даде до знаење дека и за студентскиот глас секогаш постои простор да биде слушнат, особено кога за тоа има добри поткрепени аргументи, што е една од главните пароли на нашето Собрание”

Кристијан Живков

Собранието работи на принцип на свикување седници и дискутирање на актуелните проблеми. Изработка на планови за работа и организација на најразлични работилници, конгреси, едукации, спортски активности, хуманитарни акции и застапување на интересите на студентите.

Кои се активностите на студентите во ФСС?

Покрај изработката на лого, статут и деловник за работа, Собранието на ФМН делуваше и на обезбедување книги од различни области на медицината кои беа доставени во деканатот на ФМН. Една од нивните активности , исто така беше и учеството во масовната имунизација.

Како се пријавува испит на трите најголеми универзитети – УКИМ, УГД и УКЛО?

Успеавме да издејствуваме успешно да ги реализираме нашите вежби во клиниките, но и користејќи ги сите капацитети на факултетот како лаборатории, кабинети и сали со прецизирани термини и следејќи ги пропишаните мерки. Организиравме научен настан со Проф. Д-р Методи Чеперганов и Проф. Д-р Илија Џонов на тема: „За смислата на човековото постоење“.Можеби еден од подрагоцените моменти на кој сум особено горд е оној момент кога имавме можност да ја покажеме и докажеме нашата солидарност и хуманост со тоа што помогнавме на неколку наши студенти, без родители кои имаа потреба од помош. Од срце ги охрабрувам и топло им препорачувам на студентите да се пријават и да го продолжат патот кој го започнавме, достигнувајќи поголем прогрес и уште поголеми успеси, со обезбедување на услови за квалитетно студирање” ,вели Кристијан.

Бешлиовска: По 40 медицински сестри месечно заминуваат од јавното здравство
Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?