
На 74-тото доделување на Еми наградите, серијата на HBO Succession ја освои Еми за најдобра драмска серија. За најдобра мини-серија е прогласена серијата „Белиот лотос“, а наградата за најдобра хумористична серија ја доби „Тед Ласо“.

Фото: You tube
Водителот и ѕвезда на „Saturday Night Live“ Кенан Томпсон беше домаќин на 74-тата годишна церемонија на доделување наградите Еми во Холивуд, велејќи дека забавата мора да се цени.
„Што би правеле без телевизија, читање книги?#се пошегувa Томпсон. Почетокот беше резервиран за танцовите точки со тематски песни. Овде се најдоа теми од класичниот ситком „Пријатели“ до актуелниот номиниран за најдобра драма „Stranger Things“.
Пејачката Лизо освои Еми награда за натпреварувачката серија „ Watch Out for the Big Grrrls “. Музичарката рече дека како мало девојче отсекогаш сакала „некој дебел како мене, црн како мене, убав како мене“ да се појави на телевизија.
Јужнокорејскиот актер Ли Јунг Џеј е ново лице на листата на награди. Тој освои Еми за најдобар актер во драма за улогата во глобално популарната серија „Squid game “.

Фото: You tube
Така тој стана првиот јужнокорејски актер кој ја доби оваа престижна награда за улога во неанглиска драма.
И Хванг Донг-Хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше серијата „Squid game“, глобална сензација за преживување, доби Еми за најдобар режисер на драмска серија.
Наградата за најдобра актерка во комедија ја доби Жан Смарт за улогата во серијата „Комичари“. Зендаја беше прогласена за најдобра актерка во драма за улогата во серијата „Еуфорија“.
Шерил Ли Ралф беше шокирана кога нејзиното име беше прочитано како победничка за најдобра споредна женска улога во комедија „Abbott Elementary“. Актерката го започна својот поздравен говор со пеење на возбудлива, акапела верзија на „Загрозени видови“.
„Јас сум жена, јас сум уметник и знам каде ми припаѓа гласот“, пееше таа нпредизвикувајќи овации.