ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.06.2025
Судот одлучи – повторно можат да се запишуваат странски студенти на Харвард

Федералната судијка Алисон Бароуз од Бостон издаде привремена забрана со која го спречи најновиот обид на администрацијата на Доналд Трамп да го ограничи приемот на меѓународни студенти на Универзитетот Харвард.

Харвард, САД

Оваа одлука доаѓа откако Трамп најави серија мерки — од замрзнување на милијарди долари поддршка до закани за одземање на даночните поволности за најстариот и најбогат универзитет во САД. Причината, според администрацијата, е „националната безбедност“, но судијката смета дека можеби се работи за политичка одмазда поради, како што е наведено, „левичарските ориентации“ на универзитетот и неговото одбивање да се потчини на барањата за контрола врз програмите и приемот на студенти.

Според прогласот, странски државјани немаше да можат да влезат во САД за да студираат на Харвард во период од шест месеци, а беше можен и поништување на визите за веќе запишани студенти. Харвард поднесе две тужби, барајќи заштита на своите академски слободи и правото да прими странски студенти, кои сочинуваат дури 27% од целата студентска популација на универзитетот.

Универзитетот порача дека ќе продолжи да ги брани правата на своите студенти, додека активистите за човекови права предупредуваат на растечката омраза и дискриминација во САД — особено антисемитизмот и исламофобијата поради конфликтот во Газа.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија