ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.12.2022
Суспендиран твитер профилот кој го следеше авионот на Маск

Добро познатиот профил на Твитер кој ги следеше движењата на авионот на Илон Маск е суспендиран.

Фото: flickr

Твитер трајно го суспендираше профилот @ElonJet каде студентот Џек Свини објавуваше информации за движењата на приватниот авион на Маск.

Свини користеше јавно достапни податоци за летот како извор, а следеше и други познати личности.

За време на викендот, Свини објави дека Твитер ја ограничил видливоста на неговиот профил, а во понеделникот објави дека се се вратило во нормала. Меѓутоа, тој сега е дефинитивен бан, а отстранет е и приватниот профил на Свини.

Твитер потоа објави промени во политиката за забрана за објавување на моменталната локација на луѓето.

Дали Маск го стави крајот на Twitter?

Пред да го купи Твитер, Маск му понудил на Свини 5.000 долари за да престане да објавува информации за неговиот авион, но тој побарал 50.000 долари, па немало договор.

Иако Маск во ноември посочи дека нема да го суспендира споменатиот профил иако го сметаше за „директен личен ризик“, профилот на крајот беше забранет.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија