ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.01.2023
СЗО расправа за објава на крај на КОВИД пандемијата
Автор: Goce Author

Меѓународен експертски комитет започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, соопштија извори од телото со седиште во Женева.

На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека во изминатите осум недели се регистрирани повеќе од 170.000 смртни случаи. „Реалната бројка е секако многу поголема“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата во Кина се влошува.

„Укинувањето на ограничувањата во Кина доведе до нагло зголемување на смртните случаи во најнаселената земја во светот. Скоро 40.000 смртни случаи беа пријавени во СЗО минатата недела, повеќе од половина од нив од Кина.

Комитетот потоа треба да го извести за своите наоди Тедрос. Првиот човек на СЗО треба да одлучи за или против укинување на сегашната вонредна состојба.

Завршува Ковид пандемијата, тврдат германски експерти

Претходно оваа недела, Тедрос изрази загриженост поради постојаното зголемување на бројот на смртни случаи поврзани со Ковид.

Прогласувањето на вонредна состојба е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го прогласи. Тоа го прави во случај на закани, така што владите и јавноста се предупредени и можат да се подготват.

Ниту прогласувањето, ниту укинувањето на вонредната состојба немаат непосредни последици. Секоја земја сама одлучува како да управува со кризата.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија