
Фестивалот „Таксират“ се најде во конкуренција за Best indoor festival, избор во организација на Европските фестивалски награди.

Таксират е во конкуренција на уште девет други европски фестивали, како единствен претставник од Македонија во сите конкуренции. Се доделуваат награди во 16 конкуренции. За финалистите одлучуваа гласовите на милионската публика ширум светот, а ним ќе им се придружат и гласовите на жирито кое го сочинуваат водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат објавени на церемонијата на доделување награди на отворањето на фестивалот Eurosonic Noordeslag, кој ќе се одржи на 18 јануари 2023 година во Гронинген, Холандија.
Првото издание на ТАКСИРАТ се одржа во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата. И покрај тоа што денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.

Таксират Фестивал создаден со намера да го изрази револтот и незадоволството од културниот живот и музичката сцена во Македонија во тоа време, започна како мал фестивал (300 – 400 посетители) кој промовираше популарни музички артисти и групи од просторите на поранешна Југославија. Имено, зборот „таксират“ е стар турски збор кој во превод значи „судбина“, и тоа најчесто во негативен контекст како „лоша среќа“,„ несреќа“… Денес пак, Таксират е високо-професионален настан на кој гостуваат светски познати музички ѕвезди и настан кој привлекува повеќе од 10.000 посетители од целиот регион само за главната фестивалска вечер.
(Видео) Долгогодишниот директор на Домот на Младите, Бошко Симоновски доби свој мурал
Од Балканот, како најзастапен досега на овој избор е Егзит.
Фестивалот „Егзит“ повторно влезе во потесниот избор за Европските фестивалски награди (ЕФА), со што влезе во историјата како единствен фестивал кој дванаесетти пат по ред се најде на конечната листа на ова престижно натпреварување.

На овогодинешните награди „Егзит“ е во финалето на трката за „Најдобар голем фестивал“, титула која веќе двапати ја има освоено, во 2013 и 2017 година, како и за „Најдобар фестивалски бренд активирање“, поточно за EXITVERSE зона реализирана на Петроварадинската тврдина во јули, со посебно искуство за виртуелна реалност, кое претходно беше претставено на World Expo 2020 во Дубаи.
(Видео + галерија) Легендата на Макфест, Стојан Троицки, настапи на Астибо Џез Фестивал
Во категоријата „Најдобра активација на брендот на фестивалот“ се најде и зоната EXITVERSE VR што ја организираа „Егзит“ и NFT-TiX на овогодинешното издание на фестивалот, која ја освои „Наградата за најдобра иновација“ од реномираните Британски фестивалски награди на почетокот на овој месец. Во 2007 година, на овој престижен натпревар, „Егзит“ беше првиот фестивал кој ја освои титулата „Најдобар европски фестивал“ (надвор од Велика Британија).