
Телефон и одење не одат заедно – се менува начинот на одење, а предизвикува и штетни последици по здравјето.
Ова го покажа една неодамнешна студија на истражувачи во Виен. Според неа, користењето паметен телефон додека одите доведува до промена во начинот на одење. Посочија и дека долгорочните ефекти најчесто се штетни по здравјето.

Photo by Daria Nepriakhina 🇺🇦 on Unsplash
Зборувањето на телефон, пишувањето пораки и читањето додека одиме, го одвлекува нашето внимание од околината, зголемувајќи го ризикот од несреќи, падови и судири. Долгите периоди на „зјапање“ во екранот на мобилниот придонесуваат за напрегање на очите, што доведува до непријатност и главоболки.
Деновиве е тешко да се замисли животот без смартфон. Го користиме во различни ситуации, дури и кога одиме.
Како што посочува новото истражување на научниците од универзитетскиот кампус во Виена „FH-Campus Wien“, користењето паметен телефон при одење лошо влијае на телото, одењето и зглобовите.
Научниците го споредиле нормалното и непроменето одење со одење додека користите паметен телефон. Студијата, објавена од реномираното списание Хелион, е спроведена во една од најмодерните интерактивни лаборатории за анализа на одењето и секојдневното човечко движење во реално време. Субјектите одеа по посебна лента пред екранот на кој се проектира виртуелна средина. Во исто време, испитаниците решаваа математички задачи, еднаш во главата, еднаш со помош на мобилен.
Резултатите од студијата покажуваат дека телото се префрла на одреден безбедносен режим при користење на паметен телефон. Брзината на чекорите се намалува, а во исто време нивната ширина се зголемува. Додека помалите, пошироки чекори го намалуваат ризикот од паѓање, тие исто така ставаат поголем стрес на надворешната страна на зглобот на коленото. Сето ова може да доведе до трајно оштетување на ‘рскавицата и менискусот.
Врз основа на ова знаење, експертите кои се занимаваат со физиотерапија, спорт, технологија и исхрана развиваат апликации и паметни системи и спроведуваат фундаментални истражувања со цел да ги имплементираат.