ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.07.2024
Теориите на заговор поврзани со обидот за атентат на Трамп
Автор: Goce Author

После неуспешниот обид за атентат на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, јавноста излезе со бројни теории на заговор во однос на нападот. Во текот на осумте часа од обидот, па се до пронаоѓањето на атентаторот, различни мислења и ставови се ширеа на социјалните мрежи.

Дезинформациите се ширеа до таа мера, што се објавуваа слики од личност за која се шпекулирало дека е извршителот. Kако одговор на оваа теорија, лажно обвинетиот објавил сатирично видео на платформата Х каде вели „го имате погрешниот човек “. Подоцна полицијата јавно го истакна вистинскиот напаѓач, Томас Метју Кругс.

Уште една теорија која зазема голем замав на социјалните мрежи е лажна фотографија каде покажува наводна дупка на сакото на Трамп што иницира дека тој е погоден во градите, а наводно носел панцир. Но, на фотографии од официјални медиуми се гледа дека нема никаква дамка на неговото сако, а кандидатот за претседател е повреден само во увото.

По лажната фотографија, произлезе и теоријата дека и самиот обид на атентат е „наместен“. Според постот на корисник на Х, кој има прегледност од над 7 милиони, се мисли дека доколку навистина имало опасност за Трамп, надлежните не би дозволиле тој повторно да биде таргет после првиот напад како што се гледа на фотографиите. Надлежните ги демантираат овие верувања и велат дека постапиле по протокол со цел да го заштитат Трамп.

Иако од Х реагираа за повеќето од овие објави да бидат избришани, сепак дезинформациите и теориите на заговор рапидно се шират низ социјалните мрежи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија