ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.06.2022
Тероризам или хомофобија? Пукање во ЛГБТ клуб во Осло!
Автор: Goce Author

Најмалку две лица загинаа, а 21 се повредени, е соопштението на полицијата по пукањето во ноќниот клуб Лондон Паб во Осло. Пукањето се случило пред барот ни и по околните улици. Осомничениот, за кој се верува дека е сторителот на инцидентот е уапсен неколку минути по почетокот на пукањето.

Овој паб пред кој се случува инцидентот е популарен геј бар и ноќен клуб во центарот на Осло.

Извор: bbc.com

Репортер кој бил на настанот изјавил дека видел како пристигнува човек со торба, вади пиштол и почнува да пука. Друг сведок објаснува како настанала паника. А од полицијата се заблагодаруваат на локалните жители кои многу помогнале во фаќањето на сторителот.

Луѓето славеле во центарот на градот пред планираната парада на гордоста, која требаше да се одржи денес, а баровите, рестораните и другите згради биле украсени со знамиња од виножито. Парадата е откажана, по совет од полицијата изјавуваат организаторите.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе изразил сочувство до семејствата на жртвите. „Осло доживеа суров и длабоко шокантен напад“, рече тој на Фејсбук. Тој ја изрази својата солидарност со ЛГБТК заедницата, порачувајќи им „Ние стоиме со вас“. Поранешната премиерка Ерна Солберг го опиша чинот како „напад врз љубовта“ и врз слободата да сакаш кого сакаш.

Излези за љубов – Парада на гордоста во Скопје

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“, денес ќе се одржи третата Парада на гордоста во Скопје. Парадата започнува од 17 до 19 часот во збирното место, Паркот „Жена Борец“. Протестниот марш по скопските улици ќе започне во 19 часот, веднаш по кратките поздравни говори. Парадата ќе продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ.

Марштрутата  во 19 часот ќе започне од паркот „Жена-борец“ по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд, потоа на улицата Даме Груев и булевар ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев. Таа ќе продолжи по булеварот Илинденска покрај Влада, потоа улицата Ленинова покрај арена „Тоше Проески“, а крајната дестинација е Стадионот на АРМ.

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата.

По тој повод ја упати следната порака: „Прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови. Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија