
Со рекорден број на корисници кои ја преземале апликацијаta Threads во нејзините први денови, Инстаграм клонот на Твитер како од шега го надмина и астрономскиот иницијален раст на бројот на корисници на ChatGpt.

Фото: The Hindu
Најголемата приказна овие денови во светот на технологијата и социјалните мрежи е амбициозното лансирање на апликацијата Threads, копиja на Твитер. Таа има за цел да ги привлече сите оние незадоволни од најновите промени, Кои Илон Маск ги воведува на Твитер. Се чини дека тајмингот на лансирање на апликацијата во јавноста е многу добро погоден.
Threads во „продавниците“ за апликациитсе појави минатата среда, 5 јули и тоа за почеток само за САД и Велика Британија. Без можност за инсталирање во ЕУ (поради неусогласеност со БДПР). Се разбира, оние што живеат во Европската унија Threads можат да ја преземат доколку ја пријават нивната локација на друго место, а многумина веќе го сторија тоа.
Оваа апликација во првите неколку часови привлече пет милиони корисници, а силното темпо на нови апликации не престанува. Во првите седум часа, бројот на преземања достигна до 10 милиони, а следното утро имаше 30 милиони регистрирани корисници. Со тоа, во еден ден беше срушен рекордот за најбрзорастечката дигитална платформа, кој неодамна го постави Chatgpt. Нему за привлекување милион корисници му требаа пет дена.
Веќе во петокот наутро имаше 70 милони корисници на Threads, кои направија 90 ммилиони објави и лајкнаа 190 милиони пати. Сето тоа и покрај заканите за тужби, токму од Твитер.
Post by @zuckView on Threads
„Ова е почеток на каков само можевме да се надеваме! Изгледа како почеток на нешто посебно“, рече Марк Закерберг во својата објава – на Threads. Ако оваа апликација наскоро надмине 100 милиони пријави, ќе сруши уште еден друг рекорд. За да го достигне овој број на корисници, на Chatgpt му требаа два месеци, а новата апликација на Мета може, доколку продолжи сегашниот тренд, да го постигне за помалку од една недела.
Новата социјална мрежа на Закерберг собра 5 милиони за 4 часа
Дел од „заслугите“ за овој успех оди на Твитер и неговото „лутање“ со правилата за употреба и неодамнешното „гушење“ на сообраќајот, а дел оди и на големата моќ на Инстаграм, чија корисничка сметка овозможува најавување на Threads.