ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.08.2023
Топ пет хорор филмови на Нетфликс
Автор: Goce Author

Психологијата зад популарноста на хорор филмовите е едноставна: го сакаме наливот на адреналин и се чувствуваме релативно безбедно знаејќи дека надвор од нашиот прозорец не нé демне кловн со секири. Погледнете кои се нашите предлози доколку уживате во овој вид на филмови.

1. The Invitation (2022)

Свадбено патување кое станува обид за преживување…? Дознајте самите.

2.The Perfection (2019)

Зошто Allison Williams е многу напната за новата ученичка на нејзиниот учител кој што направил од неа многу добар музичар? Дали станува збор за љубов, омраза или некаква игра, откријте самите. И спремете се за многу, многу неочекувани настани.

 

3. M3GAN (2022)

Куклата M3GAN е чудо на вештачката интелигенција, совршено програмирана машина која може да биде најдобар пријател на детето и, можеби уште поважно, совршен сојузник за нивните родители. Но што ќе се случи кога Меган ќе откаже послушност?

4.Blood Red Sky (2021)

Овој морничав филм на германски јазик беше хит на Нетфликс. Кога група терористи ќе киднапираат прекуокеански лет, тие се изненадени кога ќе откријат дека една жена во авионот ќе направи секакви напори за да го заштити својот син – дури и да ја ослободи својата вампирска страна.

 

5. The Ritual (2018)

Четворица пријатели на планинарење во шведската дивина откриваат дека природните и неприродните сили може да го попречат нивното враќање дома. Останато, останува да го дознаете вие.

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија