ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.08.2022
Тојота го гради првиот „паметен град“ во светот

Тојота, најголемиот светски производител на автомобили, го гради првиот „паметен град“ во светот во Јапонија.

Фото: Automotive news

„Woven city “, лоциран во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно автономна заедница дизајнирана да тестира нови технологии како автоматско возење, роботика и вештачка интелигенција (ВИ) во реалниот свет.

Прототипот „град на иднината“ ќе биде изграден од темел на местото на поранешната фабрика Хигаши-Фуџи, која ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година.

Вака изгледа автомобил дизајниран од вештачката интелигенција

Идејата на „Woven city “ е сите луѓе, згради и возила да можат да комуницираат едни со други преку податоци во реално време и други вградени сензори. Оваа врска ќе и овозможи на Тојота да тестира како функционира напредната AI технологија во реалниот свет, со минимален ризик.

Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија како што се сончевата енергија, водородните фосилни ќелии и геотермалната енергија.

„Woven city“ ќе има три типа на улици: една за пешаци, една за лица со лични возила и една за автоматско возење.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија