ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.10.2022
Трагедија во Сеул, над 150 жртви при прослава на Ноќта на вештерките
Автор: Goce Author

Над 150 загинати и исто толку лица се повредени во стампедо во Сеул среде прославата на Ноќта на вештерките.

Смртоносниот инцидент се случил околу 22:20 часот по локално време, кога луѓе паднале од врвот на ридот, соборувајќи ги луѓето под нив, јавува Си-Ен-Ен. Да биде ситуацијата уште полоша, и улицата  била мала и тесна, што дополнително предизвика хаос.

Наводно, во тој дел од градот имало околу 100.000 луѓе.

Уште пред да се случи трагедијата, луѓето во тесните улички биле толку насобрани што било невозможно да се движат. Луѓе од цела Азија доаѓаат во Сеул овој период од годината за да ја прослават „Ноќта на вештерките“. Хотелите и билетите за настани се резервираат месеци однапред. Меѓу повредените има и странски државјани, јавува Би-би-си.

Спасувачите вршеа CPR на десетици луѓе кои изгубија свест во близина на хотелот Хамилтон во Итаевон, се вели во извештаите. Според првите извештаи, констатирано е дека 50-тина лица доживеале срцев удар на лице место.

По трагедијата во Сеул, национална жалост во Јужна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост откако во вчерашното стампедо за Ноќта на вештерките загинаа 151 лице во популарна област за ноќен живот во главниот град Сеул. Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување.

Фото: YouTube

Толпата која славеше во популарната населба Итаевон синоќа се втурнала во тесна уличка, соопштија службите за вонредни состојби. Се проценува дека бројот на жртвите може да се зголеми. Дополнителни 76 лица се повредени во тепачка, изјави началникот на противпожарната станица Јонгсан Чои Сунг-Беом на брифинг на местото на настанот.

Британските медиуми пренесуваат дека 19 од повредените се во тешка состојба и добиваат итна помош, соопштија официјални лица. Инцидентот се случи синоќа по локално време. Многу од луѓето паднале на земја во тесната улица, рече Чои. Поголемиот број од од жртвите биле на возраст од дваесет години. Снимките на социјалните мрежи покажаа стотици луѓе натиснати  во тесна, коса уличка, згмечени и неподвижни додека работниците за итна помош и полицијата се обидуваа да ги извлечат. Други снимки покажуваат хаотични сцени во кои пожарникарите и обичните граѓани им помагаат на десетици луѓе кои изгледаат како да се во несвест.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија