
Тренерката Моли Ава покажа како изгледа нејзиното тело само една минута подоцна, охрабрувајќи многу жени да не бидат премногу строги кон себе кога е изгледот во прашање.
Разликата во фотографиите покажува дека животот на Инстаграм може да биде многу нереален и да создаде лажна слика за оние кои го гледаат.
Создавањето лажна слика за реалноста може да претставува голем проблем со кој се соочуваат младите луѓе користејќи ги социјалните мрежи.

„Моето тело може да се промени во еден миг, исто како и сечие друго тело. Фотографијата што ја гледате од некои од социјалните мрежи е можеби една од 100-те што ги направиле. Сликата го покажува она што сакаш да видиш“, започна таа.

Таа додаде дека е сосема во ред да се претставите во најдобро светло на социјалните мрежи, но не треба да дозволите она што другите го прикажуваат да дефинира како вие се однесувате кон себе.
„Најдобриот вид на љубов е љубовта што ќе ја изберете да си ја дадете, без да се присилувате да се споредувате со другите луѓе на Интернет“, рече таа.