ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.09.2023
Тужел болница оти му дозволила да присувствува на царски рез
Автор: Goce Author

Австралиец  ја тужел болницата во Мелбурн за милијарда австралиски долари (643 милиони долари) затоа што го охрабрила и му дозволила да присуствува на царски рез на неговата сопруга, тврдејќи дека тоа го направило „психотичен“.

Сопругата на Анил Копула роди здраво бебе со царски рез во Кралската женска болница на 20 јануари 2018 година.

Photo by Amit Gaur on Unsplash

Копула изјавил дека бил „охрабрен“, односно дека му „дозволиле“ да присуствува на породувањето со царски рез на неговата сопруга.

Во таа прилика ја здогледал крвта и внатрешните органи на сопругата, кои, како што вели, му предизвикале психотично растројство и целосно му го нарушиле животот.

Пет години по раѓањето на детето, тој поднел тужба до Врховниот суд на Викторија. Тврдел дека болницата ја прекршила својата должност за грижа кон него и дека била обврзана да му плати компензација.

Копула, кој се застапувал себеси во текот на постапката, ја проценил својата отштета поради психичко нарушување на 1 милијарда австралиски долари.

Кралската женска болница призна дека имала обврска да се грижи, но негираше дека ја прекршила.

Исто така, ги отфрли тврдењата дека тој претрпел каква било траума поради присувството на царски рез.

Во својата пресуда, судијата Џејмс Гортон ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „злоупотреба на процесот“.

Македонија со една од највисоките стапки на малолетничка бременост во Европа – сексуалното образование мета на дезинформации

Копула пред судот тврдел дека болеста довела до „раскинување на бракот“.

Тој бил подложен на лекарски преглед, а советот утврдил дека „степенот на психијатриска штета произлезена од присуството на подносителот на породувањето, кој е наведен во тужбата, не го исполнува прагот“.

Тој не се согласи со наодот на советот, но не поднесе барање за преиспитување на одлуката.

Болницата тогаш побарала да се прекине постапката.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија