
Социјалната мрежа „Твитер“ ја блокирала сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон новинар.

Рикардо Салинас Плиего
Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“.
Милијардерот Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, минатата недела започна расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го на Твитер нејзиниот изглед, што социјалната мрежа го смета за прекршување на нејзините правила.
Животот на социјалните мрежи и животот – изгубени во преводот
Салинас на својот профил на Телеграм напиша дека ќе ги користи своите налози на Телеграм, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок додека не го реши „проблемот со Твитер“.
Милијардерот и неговото семејство се рангирани на 153-то место на листата на милијардери на Форбс, со проценето богатство од 13,5 милијарди долари.