
Неодамна Twitter започна со тестирање на новата картичка Explore која додава перформанси во стилот на TikTok. Во обид да ја направи платформата попристапна и поинклузивна, оваа компанијата воведува автоматски преводи за видеата.
Twitter објави дека додава поддршка за автоматски титлови за видеа. Функцијата ќе биде достапна на Android, iOS и на веб. На Android и iOS, преводите ќе бидат стандардно вклучени на видеата со исклучување на звукот. Во меѓувреме, ќе видите ново копче „CC“ во видео плеерот што ќе ви овозможи брзо вклучување/исклучување на преводи.
Исмевање на Мета: Промената на името на Фејсбук предизвика бурни реакции
За сега, автоматските преводи ќе бидат достапни на повеќе од 30 јазици, вклучувајќи англиски, кинески, хинди, шпански, јапонски … Титловите ќе се појават на оригиналниот јазик на кој е објавено видеото. Опцијата за преведување на насловот сеуште не е достапна. Покрај тоа, автоматските преводи ќе работат само на новопоставените видеа, што значи постарите ќе си останат без превод.
Гласовните твитови беа првиот производ кој доби поддршка за автоматски преводи. Потоа, претходно оваа година, Twitter додаде преводи во живо на Twitter Spaces, конкурент на Clubhouse.
Компанијата, исто така, тестира нов формат на реклами што ги става рекламите помеѓу одговорите на твит. Twitter, исто така, неодамна формираше посветен тим за криптовалути во обид да ги истражи крипто-средствата, блокчејните и другите децентрализирани технологии кои се појавуваат.