
Во училиште во Челмсфорд, Велика Британија на учениците им се забрането романтични врски и гушкање,а сето тоа за да „се фокусираат на учењето“.
Училиштето Хајлендс во Челмсфорд рече со новите правила „не дозволува“ романтични врски меѓу учениците. Според образложението, физичкиот контакт може да доведе до „несоодветно“ допирање.

Photo by Museums Victoria on Unsplash
Помошникот директор на училиштето, Кетрин Мекмилан изјави дека „никаков физички контакт нема да се толерира
Родителите на почетокот беа критички настроени кон ваквата нова политика на училиштето. Сепак, институцијата објави дека мнозинството родители и ученици ги поддржуваат новите правила и дека тоа „го поттикнува меѓусебното почитување и ги охрабрува учениците да се однесуваат професионално така што секој иден работодавец би го очекувал“.
Помошникот на директорот на ова училиште, Кетрин Мекмилан изјави дека „никаков физички контакт меѓу членовите на училишната заедница нема да се толерира“.
Еден родител, пак, тврди дека не бил информиран за новите правила пред огласот кој бил испратен на 9 јануари. За тоа првпат слушнал од своите деца.
Овој родител верува дека овие правила „не ги учат учениците за здрави врски“:
„Не можев да верувам. Во денешно време, се согласувам дека треба да се справи со несоодветното допирање или удирање, се разбира. Но, тие не го прават тоа. Научете ги учениците како да имаат вакви здрави односи. Заклучокот е дека никого не смеете да допирате. Децата нема да знаат што е дозволено а што не, а тоа ја одзема способноста да сочувствуваат со нивните врсници. Имам ќерка и таа и нејзините пријатели се поздравуваат со прегратка. Ако го направат тоа сега, ќе се соочат со казна“.
Во соопштението на училиштето се наведува дека „никаков агресивен физички контакт, гушкање, држење за раце, шлаканици и слично, нема да се толерира, се со цел децата да бидат безбедни“.

Image by Freepik
„Ако вашето дете допира некого, без разлика дали се согласува или не, се може да се случи. Ова може да доведе до повреда, непријатност или несоодветно допирање. Иако сакаме вашите деца да создаваат навистина позитивни, се надеваме доживотни пријателства – не дозволуваме романтични врски во Хајлендс. Вашето дете, се разбира, може да ги има овие односи со ваша дозвола, надвор од училиште“, се додава во соопштението.
Во писмото се додава: „Сакаме вашето дете да се фокусира на учење додека е на училиште и не сакаме да биде расеан од проблеми во врската“. На часовите за личен развој на вашето дете предаваме за позитивни, здрави односи и вашето дете сè уште може да разговара со возрасен од доверба на училиште за совет и поддршка доколку му е потребна“.
Родителот, кој не е именуван, додал дека овие правила му звучат драконски и архаично.
Без разлика, Меги Калахан, главен извршен директор на училиштето Хајландс, рече: „Ние тесно соработуваме со нашата училишна заедница за да обезбедиме нашите ученици да останат безбедни и среќни, давајќи им приоритет на благосостојбата во секое време. Сите наши политики се дизајнирани да ја поддржат нашата култура на меѓусебно почитување и вклучување, а нашата најнова политика доби позитивни повратни информации и од родителите и од учениците“.