ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.09.2023
Уметник изложил празни рамки како уметнички дела
Автор: Goce Author

Данскиот уметник кој позајми голема сума од музејот во Алборг за две дела, а потоа празните рамки ги претстави како уметнички дела, според судскиот налог ќе мора да ги врати парите. Ќе може да го задржи договорениот хонорар за создавање на делото.

 

Јенс Ханинг, концептуален уметник чија работа се фокусира на моќта и нееднаквоста, доби провизија во 2021 година од Музејот за модерна уметност Кунстен во Алборг, северна Данска. Задачата беше да се реконструираат две претходни дела со десетици банкноти кои претставуваат просечни приходи.

Делото на Ханинг од 2007 година, Просечен дански годишен приход, содржи банкноти од дански круни прикачени на платно. Друго дело од 2011 година, за австриски приход, се состои од банкноти од евро.

Музејот обезбеди околу 71.000 евра, од своите резерви за рекреирање на споменатите уметнички дела, како и хонорарот на уметникот од околу 5.300 евра.

Меѓутоа, кога вработените во музејот ги отпакувале новодоставените дела, пронашле две празни рамки со наслов: Земете ги парите и бегајте.

 

Музејот изложи нови уметнички дела, но кога Ханинг одби да ги врати позајмените пари, против него беше преземена правна постапка.

На 18 септември судот во Копенхаген му нареди на уметникот да ги врати позајмените пари. Беше нагласено дека треба да се плати авторскиот хонорар.

Креаторот на ChatGPT побара регулација на вештачката интелигенција

„Ние не сме богат музеј. Мораме внимателно да размислиме како ги трошиме нашите средства и да не трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме“, изјави диртекторот на музејот.

Ханинг се бранеше велејќи: „Работата, односно делото е во тоа што им ги земав парите“. Тоа не е кражба. Тоа е прекршување на договорот, а прекршувањето на договорот е дел од актот“.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)