ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.08.2022
Унгарија: Смена поради погрешна временска прогноза
Автор: Goce Author

Во Унгарија, сменето е комплетното раководството на унгарската метеоролошка служба поради погрешна временска прогноза, што предизвика политичка дебата, јавува Би-Би-Си.

Фото: Danubius hotels

Она што владата го нарече „најголемиот огномет во Европа“, планирано за сабота навечер во Будимпешта за да го прослави Денот на Свети Стефан, национален празник, мораше да се одложи седум часа пред закажаниот почеток, повикувајќи се на предупредувања за екстремни временски услови.

Времето, сепак, остана мирно, а тоа доведе до смена на шефот и заменик-шефот на унгарската метеоролошка служба, јави Би-Би-Си.

Околу 40.000 огномети беа подготвени за лансирање од 240 точки долж пет километри од брегот на Дунав во централна Будимпешта. Vладата го одложи настанот за една недела поради предупредувањата за екстремни временски услови што ги доби.

Невремето, придружено со врнежи, кои ги предвиде Националната метеоролошка служба, го промени правецот. Наместо Будимпешта погоди делови од источна Унгарија и целосно го заобиколи главниот град.

Службата упати јавно извинување на својата Фејсбук страница во неделата, објаснувајќи дека се случил „најмалку веројатниот“ исход. Исто така, појаснија и дека неизвесноста е дел од временската прогноза.

Метеоролозите во Англија на удар за прогнозите за топлотниот бран

Унгарскиот министер за технологија и иновации, Ласло Палковиќ, во понеделникот ги смени шефовите на метеоролошката служба, со моментален ефект.

Реакциите во Унгарија се различни, наведува Би-би-си.

Речиси 100.000 луѓе потпишаа петиција со која се бара откажување на воениот огномет во време кога има војна во соседна Украина и мерки за штедење дома.

Владините поддржувачи, сепак, не беа задоволни од наводната неспособност на синоптичарите и се надеваат дека најавената прослава сега ќе се одржи според планираното следната сабота.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија