
Љубители на чоколадо и десерти, денеска може да уживате во слаткиот вкус и да го прославите националниот ден на чоколадото. Се вели дека чоколадото е уметност, па во светот постојат четири дена во годината, кои се посветени на ова слатко задоволство. Светскиот ден се слави на 7 јули, два национални денови на чоколадото – 28 октомври и 28 декември, а меѓународниот ден се одбележува на 13 септември.

Image by Freepik
Чоколадото доаѓа од семето на тропското дрво какао Теоброма. Луѓето одгледуваат какао најмалку три милениуми. Растението расте во Мексико, Централна Америка и Северна Јужна Америка. Историчарите ја документираат најраната позната употреба на семе од какао околу 1100 п.н.е.
Чоколадото произведува допаминот во одредени региони на мозокот,кој што ни помага да се чувствуваме подобро. За тоа како влијае чоколадото врз луѓето се направени многу испитувања. Дел од нив покажале дека чоколадото го ослодува човекот од стрес. Темното чоколадо содржи високи концентрации на какао и може да има позитивни ефекти врз нивото на стрес. Исто така влијае и врз воспаленијата, расположението, меморијата и имунитетот. Фалвоноидите што се наоѓаат во какаото може да бидат исклучително добри антиоксиданси и антиинфламаторни агенси, кои имаат механизми кои се корисни за мозокот и кардиоваскуларното здравје.
Преголем внес на протеини може да предизвика здравствени проблеми
Еден од причините зошто жените повеќе преферираат чоколадо може да се каже дека е недостатокот на магнезиум. Желбата за чоколадо сигнализира на недостиг на магнезиум. . Експертите велат дека 80 отсто од жените имаат недостиг на магнезиум. Секако, немојте да го заменувате чоколадо со вистинскиот магнезиум.