ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.08.2022
Вечера во Македонија во 21, во Норвешка во 16 часот
Автор: Goce Author

Времето на вечера е различно во европските држави. Кај нас на пример, тоа е периодот од 20 до 21 часот, а во Норвешка и Шведска многу порано – 16 часот.

Интересна мапа објавена на страницата Lover of Geography го прикажува времето во кое вообичаено вечераат граѓаните од различни европски земји.

Фото: Lover Of Geography

Македонија се наоѓа меѓу земјите во кои време за вечера е меѓу 20 и 21 часот. Овде сме заедно со Италија, Грција и Албанија

За другите земји од Балканот – Србија, Хрватска, Ц.Гора, Албанија, Бугарија, Романија, најчесто време за вечера е периодот од 19:30 до 20:30 часот.

Интересно е што Норвежаните се издвојуваат меѓу оние кои најрано вечераат. Најчестото време за овој оброк е помеѓу 16 и 17 часот.

Исто така, меѓу „ранобудниците“ се и нивните соседи Шведска и Финска. Финците вечераат меѓу 16:30 и 17:30 часот, а Швеѓаните меѓу 17 и 18 часот.

Меѓу оние кои имаат вечера најдоцна, предничат Шпанците. Тие вечерата ја сметаат за  ноќен оброк резервиран за периодот од 21:30 до 22:30 часот.

Едукативна карта на Европа навредлива за Балканот?

Жителите на Португалија и Италија исто така вечераат доста доцна – во периодот помеѓу 21 и 22, односно 20 и 21 часот.

Областа на Централна и Источна Европа ја претставува „средината“ меѓу споменатите крајности. Жителите на овие земји обично вечераат од 18 до 20 часот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија