ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.08.2023
Венеција го губи стаусот заштитена од УНЕСКО?
Автор: Goce Author

Венеција, која беше прогласена за светско културно наследство во 1987 година, ризикува наскоро да биде ставена на листата на загрозени места. Пред состанокот на 21-та земја-членка на Комитетот за светско наследство, експертите на УНЕСКО при Обединетите нации привлекуваат внимание на големиот ризик за Венеција.

Светските експерти се загрижени за иднината на Серенисима поради три главни причини. Тоа се масовен туризам, зголемување на нивото на морето и други климатски промени и пристигнување на големи бродови. Дополнително, тие додаваат див урбан развој без претходна детална студија.

Францускиот магазин „Фигаро“, како и „Италијанската Република“ објавија документ на УНЕСКО во кој експерти се занимаваат со овој проблем, како и со тоа дека може да има неповратна штета за Венеција доколку нешто не се преземе веднаш.

Веќе во 2021 година, експертите на УНЕСКО предложија градот во лагуната да се прогласи за загрозен, па владата забрани влез на големи бродови за крстарење во каналот Гранде и каналот Џудека. Но, УНЕСКО смета дека тоа не е доволно, иако признаваат дека Италија направила добра работа. Неопходно е да се заштити лагуната на подобар начин.

Како до бесплатна прошетка низ Венеција?

„Сигурно можеме да направиме повеќе од претходно, на пример, за туристите кои доаѓаат во нашиот град во еднодневна посета без ноќевање, да го организираме нивното пристигнување во градот“, вели Клаудио Скарпа, претседател на „Федералберги Венеција“.

УНЕСКО бара Италија да докаже дека презела важни мерки, и дека постои долгорочен план за зачувување на градот за да нема промени кои повеќе нема да можат да се поправаат и кои би предизвика Венеција да ја изгуби својата историска автентичност.

Венеција бара промени со кои нема да ја изгуби историската автентичност

Андреа Сегре, режисерот на филмот „Добре дојдовте во Венеција“, кој доби награда на Берлинскиот фестивал, се бори да го зачува својот град од масовен туризам и од фактот дека становите масовно се издаваат на туристите преку Airbnb.

„Мора да се биде храбар за длабоки структурни промени какви што со месеци предлага нашето здружение „Alta tensione abitativa“, а за кои Градскиот совет сè уште не сака да слушне. Наскоро ќе стапи на сила предлог законот што го предложивме до Собранието. Потоа ќе се обидеме да ги спроведеме промените бидејќи Градот се уште нема храброст да се справи со нив“, нагласува Андреа Сегре.

Италијанското еспресо – достојно за листата на УНЕСКО?

Иако засега УНЕСКО не предвидува бришење на Венеција од листата на светско културно наследство на која има 900 локалитети, сметаат дека Владата треба што поскоро да реагира. На листата на загрозени веќе има 55 места. Повеќето од нив се во земји погодени од војна или недостаток на ресурси, како Авганистан, Ирак, Либија, Либан и Украина.

Од 10 до 25 септември во Ријад, Саудиска Арабија заседава комисијата што ќе одлучи дали Венеција навистина ќе се најде на оваа негативна листа, која, како што пишува француски „Фигаро“, би била понижувачка за Италија.

Од општина Венеција ќе ги прочитаат сите предлози и ќе разговараат со владата која е во комуникација со УНЕСКО.

Воедно, неколкупати се одложуваше воведувањето на таксата за влез во самиот град. Овој пат за 2024 година.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија