
Штипските музички педагози Филип Стевановски и Ирена Крстевска Стевановска го враќаат ,,Весело штурче’’ назад на сцената.
Сите го знаеме Весело штурче како таканаречен Макфест за дечиња од минатото, чија беше иницијативата да се оживее сценскиот дух на најмладите ?

Точно така, сите го знаеме ,,Весело штурче’’ како Макфест за дечиња, бидејќи е Фестивал кој навистина има позитивно влијание врз сите нас кое го имаме живеено тоа време, па затоа јас и мојата сопруга Ирена Крстевска Стевановска како музичари и музички педагози дојдовме до идеја да го обновиме, организираме и реализираме ,,Весело штурче’’ и да пробаме да го вратиме сјајот на нашето штурче. Пред да го преземеме овој чекор на обновување и организација на овој Фестивал се консултиравме и добивме позитивна поддршка, како и информации за Фестивалот од господинот Стојан Троицки кој е човекот кој го креираше овој Фестивал. Ќе се потрудиме Фестивалот да биде организиран и да се запазат сите елементи на професионална организација, односно во Фестивалот да си останат елементите кои што го претставуваат, изјави Филип Стевановски.

Филип Стевановски – директор на Фестивалот
Фестивалот е од ревијален карактер и ќе се одржи во втората половина на септември во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. На 11 април започна конкурсот за пријавување на учесници на официјална веб страна https://veselosturce.mk/ .
Првиот конкурс е за учесници (деца) од 6 до 12 годишна возраст од целата држава кои треба да се пријават за аудиција. Вториот конкурс е за авторите, каде што ги повикуваме и ги покануваме сите автори да се пријават на конкурсот. Пријавувањето е исто така на официјалната веб страна каде што ја пополнуваат пријавата и сите потребни информации и бележат дали се автори на музика, текст или целосни автори на композиција. По пријавата ги прикачуваат потребните фајлови како: текст, музички запис со шифрирани акорди и текст и демо снимка, објасни Филип.
Линк за пријавување на учесници.
Линк за пријавување на автори.
И двата конкурси завршуваат на 1 јуни.
Интересот за фестивалот е задоволителен. Според организаторите досега има пријавено над 25 учесници.
Има пријавено и композиции од различни автори, има автори кои пријавија само текст, само музика и целосни композиции, процесот на изработка на композиција а малку поголем па очекуваме дека во текот на следната недела по објавување на конкурсот за автори дека одзивот ќе биде голем. Мислам дека ќе имаме доста тешка работа околу одлучувањето и селекција на композиции како и на учесници на Фестивалот, истакна Филип.
Фестивалот ќе биде можност да се креираат нови таленти, а и дел од младите и децата кои имаат желба да имаат можност да застанат на сцена.
Нашата цел е создавање на нови таленти, едукација во полето на музиката, снимање во студио, настап на сцена, учење на вистински уметнички вредности. Нашите деца се нашиот столб за културата, па така да се тргнува од нив. Многу од учесниците на „Весело штурче“ денеска се познати вокални изведувачи и познати музичари, каде што определбата за музиката им била „наметната“ од најмала возраст, вели Филип.
Фестивалот беше познат како детскиот дел од Макфест и веќе 20-тина години не се одржува.