ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.03.2022
Видеа од јапонскиот земјотрес во кој загинаа најмалку 4 лица
Автор: Goce Author

Јапонија доцна синоќа беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,4 степени кој остави повеќе од 2 милиони домови без струја и најмалку 4 лица го изгубиле својот живот.

Фото: CNN

Земјотресот го погодил брегот на источната јапонска префектура, Фукушима, регион уништен од силен земјотрес и цунами пред 11 години. Сега се  повредени повеќе од 100 лица, најмалку 4 го изгубиле својот живот, а многу семејства останале без својот дом.

По земјотресот во средата било издадено предупредување за цунами за крајбрежните префектури Фукушима и Мијаги, но потоа укинато во четвртокот наутро. Јапонскиот премиер Фумио Кишида подоцна изјавил дека „не се откриени абнормалности“ во ниту една од нуклеарните централи во земјата. Како што јавува CNN  земјотресот не траел кратко, а тоа го покажуваат и видеата кои ги има на социјалните мрежи:

 

 

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија