ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.09.2022
(Видео) Вооружени напади во Русија – некои мотивирани против мобилизиацијата
Автор: Goce Author

Најмалку девет луѓе се убиени, од кои пет деца, во пукање во училиште во рускиот град Ижевск. Напаѓачот наводно се самоубил на самото место, а мотивот не е познат.

Полицајците го нашле телото на напаѓачот, кој наводно сам се застрелал. Руските медиуми објавија дека напаѓачот бил руски мобилизиран војник, кој не сакал да биде испратен да се бори во Украина.

 

Вооружен маж е уапсен откако денеска отворил оган врз канцеларија за регрутирање на војската во руската област Иркутск, изјави локалниот гувернер.  Напаѓачот, кој на видеото објавено на социјалните мрежи може да се види како на полицајците им се идентификува како 25-годишниот Руслан Зинин, отворил оган на воена служба во градот Уст-Илимск.

Посебно видео од пукањето покажува како тој пука барем еден истрел во воена канцеларија за регрутирање.

Антон Герашченко, советник на министерот за надворешни работи на Украина, го сподели видеото на својот профил на Твитер, велејќи дека Зинин го убил командантот на канцеларијата за регрутирање.

„Командантот Александар Јелисив беше застрелан четири пати од непосредна близина. Убиецот е Руслан Зинин, роден 1997 година, „делумно мобилизиран“. Тој одлучи дека затворот е подобар од смртта во Украина“, напиша Герашченко.

Неколку воени канцеларии беа нападнати откако рускиот претседател Владимир Путин минатата среда најави делумна мобилизација.

Антимобилизациски демонстрации се одржаа во текот на викендот во Дагестан и Јакутија.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија