ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.05.2022
(Видео) Рускиот амбасадор полиен со црвена боја во текот на полагање цвеќе во Варшава
Автор: Goce Author

Во текот на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот во Полска, рускиот амбасадор беше полиен со црвена боја.

Инцидентот се случил во главниот град кога амбасадорот Сергеј Андрејев имал намера да положи цвеќе на гробиштата на советските војници, жртви во втората светска војна.

Изненадувачки на ова место амбасадорот го дочекале многу Полјаци, но и Украинци кои не дозволиле влез до спомен обележјето поради актуелните случувања во Украина.

После овој инцидент амбасадорот, во придружба на полицијата, го напуштил местото.

„Полицијата пристигна многу бргу да му помогне на дипломатот да дојде до својот автомобил и да ги напушти гробиштата“, се вели во написот на руската агенција Тасс.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија