
Американскиот претседател Џо Бајден погрешно ја нарече потпретседателката на САД, Камила Харис, како „прва дама“ .

Бајден ја помеша сопствената сопруга со Харис кога истакна дека не дошла на настанот поради тоа што нејзиниот сопруг Даг Мехоф бил позитивен на Корона вирус тој ден.
„Дојде до мали промени во договорот за тоа кој ќе биде на сцената затоа што сопругот на првата дама е заразен со Ковид“, рекол Бајден.
Гафот предизвика смеа во просторијата, а Бајден го поправи некој од страна со тоа што му посочија дека тоа би значело дека тој е заразен со Корона.
Прва дама е термин кој во САД се користи за сопругата на претседателот.