
Откако воздушен напад погоди училиште во Чернихив, видеото од раскрвавена преживеана девојка стана мета на дезинформации во руските медиуми. Истото беше превземено и споределно од украинските медиуми многу пати.
Таниа е девојката која се јавува на видеото и раскажува како го преживеала воздушниот напад во Чернихив, северно од Киев, додека помагала во собирање на алишта за хуманитарна помош.

Photo by: BBC
Девојката изјавила дека кога сфатила што се случува, покрај неа имало мртви тела. Исплашена побегнала во својот дом. Го земала својот телефон и со крваво лице објавила што се случило.

Photo by: BBC
За неколку часа нејзиното видео било прегледано околу десетици илјади пати, а многу украински страници за вести го споделиле.
За BBC, девојката изјавила дека добила многу следбеници и многу пораки, од кои неколку имале заканувачка содржина. По некој ден пријателите ја известиле дека нејзините слики кружат по руските медиуми и ја прикажуваат нејзината приказна како дезинформација.
Некои руски извештаи, исто така, потврдиле дека училиштата ширум Украина престанале да работат на почетокот на инвазијата и дека не можело да има многу деца во училиштето. Вјачеслав Чаус, шефот на регионалната државна управа на Чернихив, изјавил дека подрумот на училиштето бил отворен за да можат локалните цивили да се сокријат во случај на гранатирање.

Photo by: BBC
Истражување: Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините?
Таниа е една од од бројните украински цивили кои биле лажно обвинети од руските медиуми – па дури и од руската влада.
Оваа видео кое е прикажано како едно од оние кои шират дезинформации може да се сретне и како War on Fakes, чие „откривање“ досега е прегледано повеќе од 400.000 пати на Telegram.
Промовиран од руското Министерство за надворешни работи и амбасадите на социјалните мрежи, тој е под „проверка на факти“ кои тврдат дека обезбедува „дезинформации за тоа што се случува во Украина“.

Photo by: BBC
„Се чувствував тажно и жалам за овие луѓе кои веруваат во сите овие лаги. Тие се толку исплашени да признаат дека оваа војна е вистинска и сите овие работи се случуваат, па затоа е полесно за нив да најдат изговори или причини да не веруваат во тоа или да ми се јават. Приказната е лажна. Полесно им е да поверуваат дека Украина е театар, а Украинците се актери“. – изјавила Таниа за BBC. Таа замина од Украина во Полска со лузна на лицето. Нејзиниот вид бил оштетен од бомбардирањето изјавила дека пати од посттрауматски стрес.