
Холивудскиот актер Вил Смит за прв пат се огласи на Инстаграм откако јавно му се извини на Крис Рок за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите.

Фото: Thai PBS World
На социјалните мрежи, Смит објави хумористично видео на кое се гледа како бебе горила мачи многу поголема горила со нежно допирање на нејзиниот заден дел.
„Јас кога се обидувам да се вратам на социјалните мрежи“, се вели во описот на видеото.
Неговата објава во првите неколку часа собра повеќе од 1,5 милиони лајкови, а видеото ги насмеа неговите многубројни обожаватели.
Да потсетиме, Вил Смит и Џејда неодамна за првпат беа видени заедно во јавноста по скандалот на Оскарите.
Инаку, скандалот на Оскарите се случи во огледало кога Вил му удри шлаканица на комичарот Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на Џејда.